НОВ ВЛАЖЕН БРАН СО ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД ВО НАЈАВА: Метеоцентар со детална прогноза

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Прогноза за 15.05.2025 Минимална температура: 2°C до 8°C Максимална температура: 18°C до 25°C Променливо облачно со сончеви...

мај 13, 2025 - 23:00
 0  0
НОВ ВЛАЖЕН БРАН СО ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД ВО НАЈАВА: Метеоцентар со детална прогноза

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.

Прогноза за 15.05.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.05.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 17.05.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 22°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.