СДСМ: Пад на индустриското производство од 7,9% – економските политики на Мицкоски се промашени
-Во месец септември оваа година индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, соопшти СДСМ. „Падот на индустриското производство е токму во месец кој треба да биде поттик на растот на економијата. Ова е уште показател дека економские политикити...
-Во месец септември оваа година индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, соопшти СДСМ.
„Падот на индустриското производство е токму во месец кој треба да биде поттик на растот на економијата.
Ова е уште показател дека економские политикити на Мицкоски се промашени.
И податоците на Светска банка се аларамнатни, со ДПМНЕ на власт македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, Светска банка очекува да биде само 1,8 отсто.
Власта нема мерки за да одговори на потребите на граѓаните за зголемивање на животниот стандард а од друга страна нема ниту развојни политики за економијата.
Затоа просечната плата во земјата се намали за 1.000 денари, нема економски раст додека цените продолжуваат да растат.
Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата.“ – се вели во соопштението.