Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани од МОН и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во учичиштата, во согласност со можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видеонадзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој...

февруари 7, 2025 - 18:00
 0  2
Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани од МОН и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во учичиштата, во согласност со можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видеонадзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна јаневкса на денешната прес-конференција.

„По дојавите за поставување експлозивни направи во основни и средни уличишта во државата, утрово, во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво“, посочи Јаневска и додаде дека, како што е веќе соопштено, сите дојави се лажни.

„Направени се проверки во училишните објекти, а учениците се вратени на настава. Им благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Училиштата во случај на понатамошни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите што ќе ги добијат од стручните лица од Министерството“, истакнува Јаневска.

Денеска, на службените имејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од МВР и најавија повеќе информации за текот на денот./Извор:Makfax