18 загинати во Јужна Кореја: земјата е погодена од еден од најлошите пожари во историјата
Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак-Су. Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот. Во катастрофата загинаа 18 лица,...

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак-Су.
Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот. Во катастрофата загинаа 18 лица, а шестмина беа тешко повредени.
Како одговор на ситуацијата, Хан во средата објави дека нивото на безбедност се подига до максимум и прогласи „целосен национален одговор“.
„Шумските пожари што горат веќе пет дена во Улсан и во регионот Гјеонгсанг предизвикуваат невидена штета“, рече Хан, додавајќи дека тие се шират на начин што „ги надминуваат сите постоечки модели на прогнозирање“. Состојбата со пожарите ја влошува сувото и ветровито време./Извор:Makfax