Агенцијата за медиуми го осудува говорот на омраза кон медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите. Повиците за напади на медиумите и медиумските работници директно ја загрозуваат безбедноста на новинарите и претставуваат напад врз слободата на изразување. Истовремено, Агенцијата повторно ги потсетува медиумите при креирањето...

Мар 21, 2025 - 12:00
 0  2
Агенцијата за медиуми го осудува говорот на омраза кон медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите.

Повиците за напади на медиумите и медиумските работници директно ја загрозуваат безбедноста на новинарите и претставуваат напад врз слободата на изразување.

Истовремено, Агенцијата повторно ги потсетува медиумите при креирањето на својата програма да обрнат исклучително внимание на содржините на емисиите, филмовите и сериите, особено на тоа какво значење можат да добијат во контекст на овие чувствителни моменти.

Информациите и содржините кои се објавуваат да бидат соодветни на денови на жалост и истовремено да ги почитуваат највисоките професионални и етички новинарски стандарди./Извор:Makfax