Апсења на повеќе локации во Скопје, Прилеп и Битола – приведени повеќе од десетмина
На 13.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица (20), (18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Како што соопшти полицијата утрово во...

На 13.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица (20), (18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Како што соопшти полицијата утрово во 05.15 часот на ул. „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода жена(36) од Прилеп. Таа била затекната при вршење на кражба во куќа. По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
На 13.03.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(25) од Скопје и лице(23) од Гостивар затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.03.2025 во 15.15 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода лице(56) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
МВР информира дека вчера во 14.20 часот на ул.„Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ишиле од слобода лице(30), лице(32) и лице.(32), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Б.К. била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 13.03.2025 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле лице(30) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.