Авганистанец се заканувал со нож во Германија, убиен од специјалци
Германски специјалци убиле 26-годишен Авганистанец, откако со нож се заканил на 26-годишен маж и на полицајците во Шенебек. Утрото околу 4 часот и 30 минути Авганистанец му се заканувал на млад човек во скалите во станбена зграда на улицата Алтфрозер. Се уште не се познати причините за конфликтот, како и...

Германски специјалци убиле 26-годишен Авганистанец, откако со нож се заканил на 26-годишен маж и на полицајците во Шенебек.
Утрото околу 4 часот и 30 минути Авганистанец му се заканувал на млад човек во скалите во станбена зграда на улицата Алтфрозер. Се уште не се познати причините за конфликтот, како и дали двајцата се познавале, пишува Билд.
Наводно, очевидци ја виделе пресметката и повикале полиција.
Кога специјалците пристигнале на местото на настанот, Авганистанецот им се заканувал и на нив.
„Како резултат, полицајците пукаа во осомничениот. Тој подоцна почина во болница“, соопшти полицијата./Извор:Makfax