Авион од Цирих принудно слета во Грац поради чад во кабината и пилотската кабина, има повредени
Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“, на лет меѓу Цирих и Букурешт, морал вчера принудно да слета во Грац, Австрија поради чад во кабината и во пилотската кабина, соопшти авиокомпанијата. „Длабоко сме загрижени за здравјето на членот на екипажот, кој со хеликоптер беше пренесен во болница во Грац, чија состојба се...
Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“, на лет меѓу Цирих и Букурешт, морал вчера принудно да слета во Грац, Австрија поради чад во кабината и во пилотската кабина, соопшти авиокомпанијата.
„Длабоко сме загрижени за здравјето на членот на екипажот, кој со хеликоптер беше пренесен во болница во Грац, чија состојба се уште е неизвесна. Останатите четворица членови на екипажот исто така се под медицински надзор“, се вели во соопштението.
Се додава дека аеродромот во Грац се уште е затворен, а Ербас А220-300 се уште е на пистата.
Летачкиот екипаж одлучил итно да слета во Грац и да го евакуира авионот „по проблеми со моторот и откривање чад во кабината и во пилотската кабина“.
„Во авионот имало 74 патници и 5 членови на екипажот. Авионот слетал безбедно и сите патници се евакуирани“, соопшти компанијата.
Десет патници побарале лекарска помош.
„Во контакт сме со локалните власти и работиме на утврдување на причината за принудното слетување, како и на планирање на следните чекори“, посочуваат од „Свис“, подружница на германска Луфтханза./Извор:Makfax