Британскиот министер: Нема договор меѓу Британија и Франција за примирје

Британскиот министер за вооружени сили изјави дека нема договор меѓу Обединетото Кралство и Франција за предложениот едномесечен прекин на огнот во Украина и покрај извештаите во медиумите. Запрашан за планот, кој францускиот претседател Емануел Макрон го спомена во интервју за француски весник во неделата, Лук Полард изјави за „Би-би-си брекфаст“:...

Мар 3, 2025 - 15:00
 0  2
Британскиот министер: Нема договор меѓу Британија и Франција за примирје

Британскиот министер за вооружени сили изјави дека нема договор меѓу Обединетото Кралство и Франција за предложениот едномесечен прекин на огнот во Украина и покрај извештаите во медиумите.

Запрашан за планот, кој францускиот претседател Емануел Макрон го спомена во интервју за француски весник во неделата, Лук Полард изјави за „Би-би-си брекфаст“: „Тоа не е план што го препознаваме во моментот“.

Тој додаде дека „зад затворени врати се разговара за повеќе опции“.

Нагласи дека најважно е да се смисли план што ќе овозможи траен мир што е можно побргу.

Полард исто така истакна дека САД се клучен сојузник на Велика Британија и ќе стојат покрај нив нагласувајќи ги силните одбранбени врски меѓу двете земји.

Изјавата доаѓа откако британскиот премиер Кир Стармер организира самит на европските лидери за да разговараат за постигнување мир во Украина, само два дена по драматичната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон./Извор:Makfax