Четири брода на кинеската крајбрежна стража забележани во јапонските води, Токио упати протестна нота

Јапонија денеска упати протестна нота до Кина преку дипломатски канали откога четири брода на кинеската крајбрежна стража беа забележани како влегуваат во јапонските територијални води околу островите Сенкаку во Источното Кинеско Море нарекувајќи го инцидентот неприфатлив. Главниот секретар на кабинетот, Јошимаса Хајаши, рече дека последниот упад е кршење на меѓународното...

февруари 12, 2025 - 18:00
 0  1
Четири брода на кинеската крајбрежна стража забележани во јапонските води, Токио упати протестна нота

Јапонија денеска упати протестна нота до Кина преку дипломатски канали откога четири брода на кинеската крајбрежна стража беа забележани како влегуваат во јапонските територијални води околу островите Сенкаку во Источното Кинеско Море нарекувајќи го инцидентот неприфатлив. Главниот секретар на кабинетот, Јошимаса Хајаши, рече дека последниот упад е кршење на меѓународното право ветувајќи решителен одговор на таквите кинески акции во одбрана на територијалните води и воздушниот простор на Јапонија, пренесува „Кјодо њуз“.

Четирите брода на кинеската крајбрежна стража почнаа да навлегуваат во водите во близина на ненаселените островчиња околу 10 часот и тргнаа околу пладне, рече Хајаши.

Ова беше втор упад на кинески бродови во јапонските територијални води околу островите оваа година. Тоа исто така дојде откога јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела потврдија дека нивниот билатерален безбедносен договор, според кој САД помагаат во одбраната на Јапонија, ги вклучува и островите Сенкаку, според „Кјодо њуз“.

„Навистина е за жалење и неприфатливо е што бродови на кинеската крајбрежна стража влегоа во јапонските води околу островите Сенкаку“, рече Хајаши.

„Ќе дадеме сè од себе за да спроведеме активности за предупредување и надзор и ќе одговориме смирено, но одлучно“, додаде тој./Извор:Makfax