Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

Прогресивните и либерални политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот и поткопувањето на демократијата кој зема се поголем замав дури и во европски држави, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на денешната панел дискусија во рамки на дебатата „Одбрана на демократијата и човековите права наспроти војната, национализмот...

дек 13, 2024 - 21:00
 0  1
Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

Прогресивните и либерални политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот и поткопувањето на демократијата кој зема се поголем замав дури и во европски држави, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на денешната панел дискусија во рамки на дебатата „Одбрана на демократијата и човековите права наспроти војната, национализмот и авторитаризмот”, настан којшто е дел од Неделата на човековите права, иницијатива на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

-Сведоци сме на постојана меѓусебна поврзаност и создавање на т.н авторитарни сојузи, меѓу различни политички актери и нивно заедничко делување. Во Европа ова станува многу очигледно и не треба да се игнорира. Во време на растечки популизам и национализам кои ја загрозуваат демократијата и човековите права, тоа бара заеднички одговор на прогресивните и либерални демократски партии. Тоа е заедничка обврска, рече Чупеска.

Дезинформациите се моќен инструмент за овозможување авторитаризам и поткопување на демократијата и затоа тактиките во борбата против лажните вести и дезинформациите треба да бидат дел и од современата борба против авторитаризмот.