Девојка со чекан ги нападна колегите: најмалку осум повредени на универзитетот во Токио

Осум лица се повредени денеска во напад со чекан на универзитет во Токио пред 22-годишната студентка напаѓач да биде приведена, јавија јапонските медиуми. Јавната телевизија НХК објави дека нападот се случил во кампусот „Тама“ на Универзитетот „Хосеи“. Според оваа телевизија и други јапонски медиуми, нападот го извршила студентка по социологија,...

Јан 10, 2025 - 16:00
 0  0
Девојка со чекан ги нападна колегите: најмалку осум повредени на универзитетот во Токио

Осум лица се повредени денеска во напад со чекан на универзитет во Токио пред 22-годишната студентка напаѓач да биде приведена, јавија јапонските медиуми.

Јавната телевизија НХК објави дека нападот се случил во кампусот „Тама“ на Универзитетот „Хосеи“.

Според оваа телевизија и други јапонски медиуми, нападот го извршила студентка по социологија, која замавнала со чекан среде часот. Според некои медиуми, таа рече дека чувствувала потиснати фрустрации бидејќи била игнорирана.

Јапонските медиуми објавија дека на местото на настанот се видени неколку лица со раскрвавени глави.

Полицијата не можеше веднаш да ги потврди овие детали.

На снимката се гледа долга колона од амбулантни и полициски возила, кои се упатуваат кон универзитетот, кој се наоѓа во населбата Машида.

Насилните злосторства се ретки во Јапонија, која има усвоено многу строги прописи за контрола на огненото оружје. Сепак, во земјата се случуваат напади со нож, како и огнено оружје, како оној кога поранешниот премиер Шинзо Абе беше убиен во 2022 година./Извор:Makfax