ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН СО ЗНАЧИТЕЛНИ ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО: Детална прогноза за следните 4 дена
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието....
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.
Прогноза за 17.10.2025
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 11°C до 15°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 18.10.2025
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 19.10.2025
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.