ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Уште во понеделник сонце, а потоа пресврт – Метеоцентар со детална прогноза за цела работна недела

Во текот целата наредна седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена...

Мар 10, 2025 - 04:00
 0  2
ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Уште во понеделник сонце, а потоа пресврт – Метеоцентар со детална прогноза за цела работна недела

Во текот целата наредна седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.

Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. За време на прогнозираниот период ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските.

Прогноза за 11.03.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 16 до 21°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 12.03.2025
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 16 до 22°C

Променливо облачно, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 13.03.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 17 до 23°C

Претпладне променливо облачно со локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.