Дронови го парализираа аеродромот во Брисел, откажани 28 лета
Воздушниот сообраќај на аеродромот во Брисел бил двапати прекинат во вторникот навечер поради појава на дронови, но аеродромот повторно почнал да работи околу 23:15 часот, јави Брисел тајмс. Првото затворање траело од 20:00 до 21:30, а второто од 22:00 до 23:15, откако контролорите на летови забележале дронови во воздушниот простор...
Воздушниот сообраќај на аеродромот во Брисел бил двапати прекинат во вторникот навечер поради појава на дронови, но аеродромот повторно почнал да работи околу 23:15 часот, јави Брисел тајмс.
Првото затворање траело од 20:00 до 21:30, а второто од 22:00 до 23:15, откако контролорите на летови забележале дронови во воздушниот простор над аеродромот.
Инцидентот влијаел на летови во двата правца — 28 летови биле откажани (12 полетувања и 16 слетувања), додека други биле пренасочени кон аеродромите во Мастрихт, Келн и дури Амстердам./Извор:Makfax