Два протести во Кочани, собири и низ Скопје
Денеска на плоштадот Македонија во Скопје во 18 часот ќе започне собир за почит на загинатите во пожарот во Кочани, а во организација на “Секој еден може да е следен”. Вакви собири се најавени во речиси сите поголеми градови во Македонија. Инаку во Кочани, градот кој изгуби 59 деца и...

Денеска на плоштадот Македонија во Скопје во 18 часот ќе започне собир за почит на загинатите во пожарот во Кочани, а во организација на “Секој еден може да е следен”.
Вакви собири се најавени во речиси сите поголеми градови во Македонија.
Инаку во Кочани, градот кој изгуби 59 деца и млади, ќе се оддржат два протести. Едниот започнува во 18 часот во кој граѓаните ќе побараат одговорност и расчистување на случајот. Испратен е апел протестите да бидат мирни и смирени.
Во 20 часот пак е најавен друг протест каде роднини и пријатели на приведени обезбедувачи ќе бараат нивно ослободување. Според нив обезбедувањето во тешката ноќ спасило многу животи.