ЕУ за најавените царини од Трамп: Нема да се двоумиме, ќе одговориме
Европската унија ќе одговори на последните најави на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Тој за француската телевизија TF1 изјави дека Франција и нејзините европски партнери нема да се двоумат кога станува збор за одбрана на нивните интереси пред заканата...
Европската унија ќе одговори на последните најави на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Тој за француската телевизија TF1 изјави дека Франција и нејзините европски партнери нема да се двоумат кога станува збор за одбрана на нивните интереси пред заканата од американските царини.
Запрашан дали Франција и ЕУ ќе одговорат, Баро рече: „Се разбира. Трамп веќе го направи тоа во 2018 година и ние одговоривме. Ќе одговориме повторно“.
Европската комисија ќе одлучи за секторите кои ќе бидат засегнати од одговорот, додаде тој.
Комисијата е „подготвена да го повлече чкрапалото кога ќе дојде време. Сега е моментот. Не е во ничиј интерес да започне трговска војна со Европската унија“, рече тој.
Американскиот претседател вчера изјави дека денеска ќе објави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што ќе биде надополнување на веќе постоечките царини за металите./Извор:Makfax