„Европол“ во Полска спречи криминална група која фалсификувала 12.000 документи
Во Полска се спречени активностите на криминалната група што фалсификувала повеќе од 12.000 официјални документи, престој и возачки дозволи, пасоши, визи и лични карти. Седуммина осомничени члена на групата се уапсени, соопшти денеска „Европол“. Во соопштението се наведува дека операцијата била спроведена на 3 и 4 декември 2024 година во...

Во Полска се спречени активностите на криминалната група што фалсификувала повеќе од 12.000 официјални документи, престој и возачки дозволи, пасоши, визи и лични карти.
Седуммина осомничени члена на групата се уапсени, соопшти денеска „Европол“.
Во соопштението се наведува дека операцијата била спроведена на 3 и 4 декември 2024 година во Полска и дека биле запленети електронски уреди, документи и кредитни картички.
Се нагласува дека криминалната група на платформите на социјалните мрежи се огласувала дека давала правна помош, а всушност продавала фалсификувани документи до 1.500 евра за еден./Извор:Makfax