Филипче: Именувањето на Шекеринска е потврда дека СДСМ секогаш е на вистинската страна
Именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО беше еден од сегментите за кои зборуваше лидерот на СДСМ Венко Филипче, на 30. Конгрес на партијата. „СДСМ е особено горд што Радмила Шекеринска ја доби честа да биде првата дама од Балканот која ќе ја извршува должноста втор човек...

Именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО беше еден од сегментите за кои зборуваше лидерот на СДСМ Венко Филипче, на 30. Конгрес на партијата.
„СДСМ е особено горд што Радмила Шекеринска ја доби честа да биде првата дама од Балканот која ќе ја извршува должноста втор човек на НАТО. Радмила е симбол на интелигенцијата, политичката мудрост и визионерството кое го краси СДСМ од неговото основање. Нејзиното именување за Заменик Генерален Секретар на НАТО е уште една потврда дека СДСМ е секогаш на вистинската страна на историјата, носејќи го товарот на најважните историски одлуки за иднината на Македонија. Ова е и потврда за македонскиот национален идентитет кој само ќе јакне и ќе се етаблира во светски рамки“ порача Филипче.