Филипче: Владата е тука за да решава проблеми, а не да ги критикува и обојува синдикатите
„Кога работниците укажуваат дека тешко се живее, дека се потребни најмалку три минимални плати за потрошувачка кошничка, очигледно имаме проблем. Но тенденцијата на владата е опасна, фрлајќи партиско обележје на било кое барања и група кога имаат реални проблеми, кои владата едноставно треба со својата работа да ги реши“ рече...

„Кога работниците укажуваат дека тешко се живее, дека се потребни најмалку три минимални плати за потрошувачка кошничка, очигледно имаме проблем. Но тенденцијата на владата е опасна, фрлајќи партиско обележје на било кое барања и група кога имаат реални проблеми, кои владата едноставно треба со својата работа да ги реши“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.
Тој додаде дека Владата е тука за да ги решава проблемите, а не да ги критикува барањата на синдикатите и да ги бележи дека се обоени со ваква или таква боја или да бараат некакви конекции.
„Тоа што не се излегува во пресрет на барањата на работниците е немање на демократски капацитет и волја нешто да се напарави повеќе за нив. Кога тоа ќе стави заедно со лошите економски политики, лошите предвидувања од ММФ, лошата реалзиација на капитални инвестиции, помалку од 3 проценти во првите месеци, за разлика од 12 на почетокот на 2024, со одливот на работна сила, и со јасното укажување дека лоша прогноза за економијата е тоа што нема реформи, очигледно владата е лош менаџер. И може да очекуваме само дополнителни кризи“ рече Филипче.