Фрчат казни за несовесни скопјани: 549 санкционирани возачи во Скопје на 08.02.2025, 187 за брзо возење
Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на 08.02.2025 полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 549 возачи. Од нив 187 се за возење со брзина...
![Фрчат казни за несовесни скопјани: 549 санкционирани возачи во Скопје на 08.02.2025, 187 за брзо возење](https://centar.mk/wp-content/uploads/2024/11/policija_bt_k-2-scaled.jpg)
Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на 08.02.2025 полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 549 возачи. Од нив 187 се за возење со брзина поголема од дозволената, а 36 за управување возила без возачка дозвола. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.
Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.