Голем украински напад со дронови, Русија ги затвора аеродромите
Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград. Руското Министерство за одбрана тврди дека руската војска пресретнала и уништила 70 украински беспилотни летала. Гувернерот на регионот Астрахан, Игор Бабушкин, изјави дека украинската војска се обидела да нападне објекти...
Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград.
Руското Министерство за одбрана тврди дека руската војска пресретнала и уништила 70 украински беспилотни летала.
Гувернерот на регионот Астрахан, Игор Бабушкин, изјави дека украинската војска се обидела да нападне објекти во неговиот регион со беспилотни летала, велејќи дека тие биле насочени кон енергетската инфраструктура. По падот на дрон избувна пожар, но нема жртви“, напиша тој.
Иако Бабушкин не прецизираше кој објект бил погоден, телеграмскиот канал База, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави напад на фабрика за преработка на гас во близина на Астрахан.
Покрај тоа, руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во Астрахан, Казан, Нижнекамск, Саратов, Уљановск, Владикавказ, Грозни и Махачкала.
Слични ограничувања беа воведени и на аеродромот во Волгоград, каде што беа пријавени експлозии и во нафтена рафинерија, заедно со прекин на електричната енергија во градот./Извор:Makfax