Граѓани од цела држава пристигнуваат на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта. Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека, во тишина, бришејќи ги солзите од нивните лица. Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој е без солзи во очите. Има и...

Мар 20, 2025 - 17:00
 0  1
Граѓани од цела држава пристигнуваат на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта.

Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека, во тишина, бришејќи ги солзите од нивните лица. Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој е без солзи во очите.

Има и голем број лекари и медицински техничари за да помогнат.

„Се збогуваме со нашата иднина“, велат жителите.

Граѓани од цела држава доаѓаат во Кочани за да се простат од прерано изгубените млади животи./Извор:Makfax