Инспекторите истражуваат дали пожарот во Итон, Лос Анџелес бил предизвикан од далновод
Инспекторите се сомневаат дека пожарот во Итон, округот Лос Анџелес, можеби започнал на далновод и ја истражуваат можноста, објави Лос Анџелес Тајмс. Весникот наведува дека областа околу далноводот е оградена и пристапот е дозволен само на истражителите. Компанијата Едисон вчера рече дека проверката на електричните кола и електричните водови во...
Инспекторите се сомневаат дека пожарот во Итон, округот Лос Анџелес, можеби започнал на далновод и ја истражуваат можноста, објави Лос Анџелес Тајмс.
Весникот наведува дека областа околу далноводот е оградена и пристапот е дозволен само на истражителите.
Компанијата Едисон вчера рече дека проверката на електричните кола и електричните водови во областа Итон покажала дека е малку веројатно електричната опрема да го предизвикала пожарот, објави Си-Ен-Ен.
Бројот на загинати во шумските пожари во областа на Лос Анџелес се искачи на 24, а десетици луѓе се водат како исчезнати.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Г. Луна, рече дека неговата канцеларија примила „десетици и десетици“ пријави за исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен./Извор:Makfax