Истрага за разбојничка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”....
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.
Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.