Израелски војници убиени во Либан, објавени имињата на тројца
Четири израелски војници се убиени во борбите во јужен Либан, соопшти израелската армија, според Би-би-си. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека војниците биле убиени вчера, а уште двајца биле ранети во истиот инцидент. Имињата на тројцата загинати се објавени Според соопштението, загинатите се капетанот Ноам Мадмони (22), водникот Бен Коен...
Четири израелски војници се убиени во борбите во јужен Либан, соопшти израелската армија, според Би-би-си. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека војниците биле убиени вчера, а уште двајца биле ранети во истиот инцидент.
Имињата на тројцата загинати се објавени
Според соопштението, загинатите се капетанот Ноам Мадмони (22), водникот Бен Коен (21) и водникот Максим Ентис (22), кои биле убиени за време на борбените операции во јужен Либан.
Уште две лица се однесени во болница – еден војник е тешко повреден, додека еден резервист е полесно повреден, соопшти ИДФ.
Израелската армија додаде дека и четвртиот војник е убиен во истиот инцидент, но неговото име не е објавено.
Војната се шири од Иран во Либан
Смртта на израелските војници доаѓа во време кога војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна се шири надвор од иранската територија. Конфликтот започна кон крајот на февруари кога американските и израелските сили започнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели.
Иран возврати со ракетни и беспилотни летала напади врз американските бази и сојузници во регионот, а потоа судирите се префрлија во Либан, каде што дејствува Хезболах, сојузникот на Иран. Групата со денови разменува оган со израелските сили по должината на границата, дополнително проширувајќи го фронтот и зголемувајќи го ризикот од регионална војна./Извор:Makfax