Каранфилова – Пановска: Новиот СДСМ е свесен за потфрлањето со прифаќањето на измените на Кривичниот законик

Апсолутно СДСМ е на страната на борбата за правда, ова ново раководство на СДСМ е свесно целосно за потфрлањето на поранешната Влада со прифаќање на измените на Кривичниот законик и во тој контекст бараме час поскоро да се отвори јавна дебата за новите измени со кои ќе се обезбеди правичност...

дек 6, 2024 - 18:00
 0  1
Каранфилова – Пановска: Новиот СДСМ е свесен за потфрлањето со прифаќањето на измените на Кривичниот законик

Апсолутно СДСМ е на страната на борбата за правда, ова ново раководство на СДСМ е свесно целосно за потфрлањето на поранешната Влада со прифаќање на измените на Кривичниот законик и во тој контекст бараме час поскоро да се отвори јавна дебата за новите измени со кои ќе се обезбеди правичност и правда за секој што го прекршил законот, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во интревју за Телевизија 24 во емисијата 24 анализа.

-Ова ново СДСМ, ново раководство е апсолутно свесно за сериозното потфрлање на претходната влада со прифаќањето на измените на Кривичниот законик. Во неколку наврати повикуваме дека сакаме да го видиме текстот на новиот Кривичен законик, којшто е во изработка подолго време и се работи со поддршка на нашите стратешки партнери и домашни експерти. Во тој контекст сметаме дека треба час поскоро, новиот текст на Кривичниот законик да го види светлото на денот во Собранието. Да се отвори широка јавна расправа, она што недостасуваше минатиот пат и да дојдеме до решенија со коишто во Кривичниот законик ќе се превенираат, односно санкционираат било какви прекршувања и злупотреби на јавните средства и функции. За тоа да бидат подеднакво одговори сите оние коишто е огрешиле пред законот независно дали се власт или опозиција, рече заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска.