Каранфилова- Пановска: Власта да ги тргна канџите од судството

Извршната власт , политичките моќници и партии, треба да ги тргнат канџите од судството. Правосудните органи во оваа држава, мора еднаш за секогаш да бидат оставени да работата слободно и да работат независно. Актуелната власт мора да обезбеди услови, да судиите и обвинителите ја вршат својата работа исклучиво согласно законите...

дек 6, 2024 - 18:00
 0  1
Каранфилова- Пановска: Власта да ги тргна канџите од судството

Извршната власт , политичките моќници и партии, треба да ги тргнат канџите од судството. Правосудните органи во оваа држава, мора еднаш за секогаш да бидат оставени да работата слободно и да работат независно. Актуелната власт мора да обезбеди услови, да судиите и обвинителите ја вршат својата работа исклучиво согласно законите и исклучиво во интерес на граѓаните. , рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова- Пановска во интервју за Телевизија 24 во емисијата 24 Анализа.

– Било каков друг притисок ќе значи упад во овие независни органи. За жал, во изминативе години, од осамостојувањето на Македонија, до денес, нема па и владата на СДСМ, иако спроведе над 20 реформски закони, ни и таа не го постигна посакуваниот резултат, кога станува збор за ефикасност и независност на судството, рече Каранфилова.

Во однос на реформите во судството, таа потенцираше дека она до што СДСМ во моментов стои како реформска рамка која треба да се почитува и која гарантира на некој начин дека може да даде резултати, се препораките кои дојдоа од оценската мисија на којашто ја спроведе европската комисија.

Само и единствено во соработка со она што значат европски институции и со дијалог со сите наши експери и зналци, кои веруваат на темата дека правото и правдата е тоа што е задач и обврска на судиите и обвинителите, само така можеме да направиме чекор напред.

Во однос на давањето на оставка на Весна Дамева како претседателка на судскиот совет, заменик претседателката на СДСМ, Каранфилова- Пановска рече: Самиот чин да излезете пред камерите како претседател на судскиот совет и да дадете оставка со образложение дека ја давате под притисок од страна на премиерот, е скандалозно за едно демократско општество.