Хамас: Новиот израелски напад е смртна казна за преостанатите заложници

Лидерот на Хамас рече дека новите израелски воздушни напади врз Газа претставуваат смртна казна за преостанатите израелски заложници. „Одлуката на Нетанјаху да се врати во војна е одлука за жртвување на затворениците од окупацијата и смртна казна за нив“, рече Езат ал Ришк, лидер на Хамас и член на политичкото...

Мар 18, 2025 - 15:00
 0  1
Хамас: Новиот израелски напад е смртна казна за преостанатите заложници

Лидерот на Хамас рече дека новите израелски воздушни напади врз Газа претставуваат смртна казна за преостанатите израелски заложници.

„Одлуката на Нетанјаху да се врати во војна е одлука за жртвување на затворениците од окупацијата и смртна казна за нив“, рече Езат ал Ришк, лидер на Хамас и член на политичкото биро на палестинската група.

Како што додаде, „непријателот нема да го постигне со војна она што не успеа да го постигне со преговори“.

Во израелските напади загинаа повеќе од 320 луѓе, според Министерството за здравство на Газа.

Прекинот на огнот дојде по неколкунеделни напнати преговори и носи ново страдање за жителите на Појасот Газа, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија и ја блокираше хуманитарната помош.

Цивилната одбрана во Газа соопшти дека голем број луѓе се заробени под урнатините на домовите кои биле бомбардирани во различни области и дека меѓу загинатите има голем број деца./Извор:Makfax