Колку ќе биде минималната пензија од март 2025? – Пензионерите ќе се офајдат со нови 2.500 денари покачување

Денеска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски се обрати на конститутивната седница на Советот за социјална сигурност кој е основан со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување...

дек 26, 2024 - 23:00
 0  1
Колку ќе биде минималната пензија од март 2025? – Пензионерите ќе се офајдат со нови 2.500 денари покачување

Денеска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски се обрати на конститутивната седница на Советот за социјална сигурност кој е основан со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.

Пред присутни членови на Советот, Велковски рече:

“Заложбите на Владата за подобрување на животниот стандард на пензионерите се јасни, со оглед дека Владата го започна својот мандат со зголемувањето на сите пензии за 2.500 денари во септември 2024 година и се очекува наредно зголемување во ист износ од 2.500 денари во март 2025 година. Со зголемувањето во септември 2024 година, најниската загарантирана пензија достигна 15.692 денари и се очекува во март наредната година да стане 18.192 денари, додека просечната пензија во септември стана 23.758 денари и во март 2025 година се очекува да стане околу 26,258 денари. Со ова зголемување посебно придонесовме за подобрување на стандардот на пензионерите со најниски пензии, кои материјално се најзагрозени категории на граѓани”.

Тој посочи дека напорите на Владата за подобрување и унапредување на правата и интересите на пензионерите не завршуваат со ова зголемување на пензиите која се направи, туку се продолжува и понатаму со воведување на мерки и корекции на системот за подобрување на положбата на пензионерите во државата.

По поздравното обраќање на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Советот за социјална сигурност продолжи со работа и за претседател на Советот беше избран Фиданчо Стоев од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.