Лишени од слобода крадци во Скопје
-На 02.12.2024 околу 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР. -Веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека...
-На 02.12.2024 околу 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР.
-Веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.