Македонец почина во зимски центар во Бугарија

51-годишен маж од Македонија почина на патеката Шилигарник над Банско во Бугарија, објави „Бгнес“. Веројатна причина за смртта на мажот е срцев удар. Локалната полиција соопшти дека нема видливи траги на насилство. Мажот бил на одмор со семејството во зимскиот центар. Пријава за пронајденото безживотно тело е направена во 16.17...

дек 10, 2024 - 15:00
 0  1
Македонец почина во зимски центар во Бугарија

51-годишен маж од Македонија почина на патеката Шилигарник над Банско во Бугарија, објави „Бгнес“.

Веројатна причина за смртта на мажот е срцев удар. Локалната полиција соопшти дека нема видливи траги на насилство.

Мажот бил на одмор со семејството во зимскиот центар.

Пријава за пронајденото безживотно тело е направена во 16.17 часот./Извор:Makfax