Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да нè заплаши
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија. „Тој води информациска војна против нас. Тој води воена борба против Украина, а таа војна е насочена и против нас“, изјави Мерц за германската телевизија ntv. Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија.
„Тој води информациска војна против нас. Тој води воена борба против Украина, а таа војна е насочена и против нас“, изјави Мерц за германската телевизија ntv.
Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го преврти европскиот политички поредок наопаку. „И затоа ја поддржуваме Украина“, објасни Мерц, додавајќи дека е во интерес на Германија да го брани својот политички поредок и отворените, либерални општества во Европа.
На прашањето дали Путин води војна против Германија, Мерц рече: „Тој води хибридна војна против нас“.
Осврнувајќи се на зголемениот број инциденти со беспилотни летала во Германија и низ цела Европа, Мерц рече: „Ја знаеме заканата“, додавајќи дека Путин сака да заплаши и да всади страв.
„Нема да бидеме заплашени и исто така ефикасно ќе се браниме од оваа закана“, рече Мерц.
На прашањето дали размислувал да се јави на Путин, Мерц рече дека „секако го разгледува тоа“.
Тој додаде: „Можам само да видам дека секој обид да разговарам со него во моментов завршува со уште понасилни напади врз Украина“./Извор:Makfax
