Меџити: Тоа што го правиме со мерките за чист воздух не е доволно – само гасификацијата е долгорочно решение
„Мерките се донесени на владина седница за контроли на големите загадувачи, на јавниот транспорт, на казните. Јас мислам дека не е доволно тоа да го направиме. Тоа не дава долгорочни резултати. Може да ублажиме со некој процент, но со тоа се лажеме и пак следната година, следните години ќе го...

„Мерките се донесени на владина седница за контроли на големите загадувачи, на јавниот транспорт, на казните. Јас мислам дека не е доволно тоа да го направиме. Тоа не дава долгорочни резултати. Може да ублажиме со некој процент, но со тоа се лажеме и пак следната година, следните години ќе го имаме истиот проблем“ вели првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во интервју за „Рацин.мк“.
Тој додава дека садењето нови садници, контрола на големите загадувачи и контрола на јавниот транспорт не се долгорочни или среднорочни решенија.
„Долгорочно решение е гасификацијата којашто го намалува за 50 до отсто загадувањето на возухот“ вели Меџити.
Тој додава дека гасификацијата ќе биде нов извор за енергија, алтернативен, поевтин и тоа ќе го намали за 50 до 70 отсто загадениот воздух.
„Нашиот концепт е сега освен секундарната и терцијарната гасификација со што ќе биде можно да се работи и на когенеративните, гасните централи што ќе придонесат и за топлинска енергија, односно за централно греење“ вели Меџити.