Минусни температури утрово речиси во целата држава, најстудено во Берово
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Виница, -2 во Охрид, -1 во Кавадарци, 0 во Велес и...
![Минусни температури утрово речиси во целата држава, најстудено во Берово](https://centar.mk/wp-content/uploads/2023/11/sneg-patista-2-scaled.jpg)
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Виница, -2 во Охрид, -1 во Кавадарци, 0 во Велес и 4 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени./Извор:Makfax