Мицкоски: Посетата во САД беше исклучително корисна и плодна, очекувам резултатите да бидат видливи, интензивни и големи
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на впечатоците од посетата на САД, со остварените политички и економски контакти, изјави: „Многу сум задоволен, исклучително сум задоволен. Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи,...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на впечатоците од посетата на САД, со остварените политички и економски контакти, изјави:
„Многу сум задоволен, исклучително сум задоволен. Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она коешто го кажувам често пати, ќе го повторам и сега. Ние домашната задача и домашната борба ќе ја водиме, еве за вакви проекти, за добра инфраструктура, за нови градинки, за нови училишта, за поконкурентна економија, за поквалитетно здравство, за подобро образование и така натаму. Тоа се работи коишто дома ние ќе ги решаваме и таа битка ќе ја водиме и ќе ја добиеме. Но, исто така мораме да победуваме и во Вашингтон, и во Њујорк, и во Брисел, и во Рим, и во Париз, и во Лондон, и во Берлин, насекаде и во други метрополи во светот. И да бидеме што е можно погласни и што повеќе аргументи да презентираме кај нашите соговорници, за македонското прашање, за сите оние предизвици коишто се пред нас, но и оние коишто беа позади нас. И мислам дека сме на добар пат. Инстант резултати, нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме исклучиво за интересот на граѓаните и татковината којашто единствено ја имаме.“