Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при борба со шумски пожар во централната турска покраина Ескишехир, изјави вчера турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли. Пожарникарите и спасувачите се бореа со пожарот во областа Сејитгази од...

јул 24, 2025 - 11:30
 0
Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при борба со шумски пожар во централната турска покраина Ескишехир, изјави вчера турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли.

Пожарникарите и спасувачите се бореа со пожарот во областа Сејитгази од раните утрински часови. Седум пожари сè уште горат во пет централни и западни турски провинции, рече министерот.

Пожарникарите на Кипар денес се бореа и со огромен шумски пожар, што доведе до евакуација на најмалку четири села. Властите соопштија дека пожарот беснее во област северно од Лимасол, со силни ветрови и високи температури. Портпаролот на противпожарната служба изјави дека пожарот предизвикал значителна штета на домовите во областа позната по своите лозја.

Кипар побара помош од ЕУ, а Јордан исто така ќе испрати помош. Температурите на Кипар вчера достигнаа 43 степени Целзиусови. За денеска се очекува да се искачат на 44 степени, највисоки оваа година./Извор:Mafax