Ограбена аптека во Бит Пазар

Денеска (08.02.2025) во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се...

февруари 9, 2025 - 00:00
 0  2
Ограбена аптека во Бит Пазар

Денеска (08.02.2025) во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.