Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице
На 16.02.2025 околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица. При контролата во возилото биле пронајдени...

На 16.02.2025 околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица. При контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик.