Пукање кај Бит пазар: Малолетник ранет и итно пренесен во болница
На 14.03.2025 во 15.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, едно лице од огнено оружје пукало во 16 – годишник од Скопје и го напуштило местото. Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа...

На 14.03.2025 во 15.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, едно лице од огнено оружје пукало во 16 – годишник од Скопје и го напуштило местото.
Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош. Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.