Путин потпиша мобилизација, вика најмногу луѓе во војска во последните 10 години
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува регрутирање на 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, јавуваат агенциите. Во армијата ќе бидат повикани 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години, што е за 10.000 повеќе...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува регрутирање на 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, јавуваат агенциите.
Во армијата ќе бидат повикани 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години, што е за 10.000 повеќе од лани и најголем број регрути во последните десет години.
Путин и овој пат вети дека регрутите нема да бидат испратени на бојното поле. Но, имаше и претходни случаи на заробени и убивани регрути за време на нејзината „специјална воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува својата тригодишна инвазија на Украина./Извор:Makfax