СДСМ бара одговорност за режимскиот упад на полицијата во Демир Хисар

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ: 4 Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар е јасен доказ дека режимот се врати. Полицијата, по измените на законите за полиција и за внатрешни работи од Панче Тошковски, е претворена во...

авг 9, 2025 - 13:30
 0
СДСМ бара одговорност за режимскиот упад на полицијата во Демир Хисар

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ:
4
Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар е јасен доказ дека режимот се врати. Полицијата, по измените на законите за полиција и за внатрешни работи од Панче Тошковски, е претворена во партиска алатка за незаконски разрешувања и политички притисок пред избори, со цел поставување кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ бара итно запирање на незаконскиот прогон врз Маја Лозановска и одговорност за сите кои ја злоупотребуваат полицијата.