СДСМ побара во итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, ДПМНЕ одби

СДСМ побара по итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, заради слабата реколта на тутунот, но ДПМНЕ овој предлог закон го одби. – Со зголемувањето на субвенцијата ќе има дадеме поддршка на тутунопроизводителите за покривање на дел од трошоците и стабилизирање на приходите, особено кога родот е...

дек 10, 2024 - 21:00
 0  2
СДСМ побара во итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, ДПМНЕ одби

СДСМ побара по итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, заради слабата реколта на тутунот, но ДПМНЕ овој предлог закон го одби.
– Со зголемувањето на субвенцијата ќе има дадеме поддршка на тутунопроизводителите за покривање на дел од трошоците и стабилизирање на приходите, особено кога родот е значително намален, а цената на тутунот е незадоволителна. Со овој предлог Закон на СДСМ, се предвидува тутунарите да добијат линеарна субвенција од 100 денари за секој килограм продаден тутун кај регистрираниот купувач без разлика на класификацијата при проценката. Со оглед на тоа дека лани имавме сличен ваков предлог закон, каде им се помогна на тутунарите да се справат со лошата реколта, која беше и лани, се покажа како ефикасна, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната седница во Собранието.

Тој потенцираше дека со повисоки субвенции земјоделците ќе имаат мотив да продолжат со одгледување на тутун и зголемување на производството, со што тутунот како важна гранка во нашата држава придонесува за развој на економијата, но и тутунопроизводството, како основен извор на приходи за повеќе од 20 илјади семејства кои ја одгледуваат оваа земјоделска гранка.

ВМРО-ДПМНЕ го одби овој предлог закон за помош и поддршка на тутунарите.