СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност

-Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната билошка терапија. Десет дена овие пацинети чии живот е загрозен, се оставени во незивесност. Оправдано е нивното стравување дека ваков недостиг на билошка терапија нема да случи и во иднина, велат од СДСМ. „Одговорноста за голготата...

Јан 26, 2025 - 18:00
 0  2
СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност

-Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната билошка терапија. Десет дена овие пацинети чии живот е загрозен, се оставени во незивесност. Оправдано е нивното стравување дека ваков недостиг на билошка терапија нема да случи и во иднина, велат од СДСМ.

„Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови.

Пациентите не само со недостиг на биолока терапија, се соочуваат со недостиг на здравствен кадар и елементарни услови за лекување.

Не е преземено ништо за да се заштитат пациентите, а доказ за ваквата негрижа е недостигот на соодветен план, функционален систем и регистар на пациенти, ненавремената набавка на лекови.

Животите на луѓето се загрозени поради неспособност на власта.

Ветуваа реформи и современ здравствен систем. За седум месеци направија хаос.

Вината за хаосот на Онкологија е кај директорот на Онкологија, Стојковски, кај директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски и кај министерот Таравари и треба да понесат одговорност.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.