СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион
-Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови, вели во одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. -Власта...
-Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови, вели во одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
-Власта е одлепена од реалноста, луѓето не можат да врзат крај со крај, се мачат со секојдневните поскапувања и високи трошоци за живот, платите стагнираат, додека власта се лукзузира. Најавата пак дека се размислувало и демек за половен авион е навреда на интелегнцијата на луѓето, станува збор за милионски бизнис зделки. СДСМ е против и ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ, изјави Илиевски