Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите
Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата за производство на салами Ровањати, јавија италијанските медиуми. Околностите за несреќата засега се нејасни, но познато е дека густата магла ја покрила областа во моментот кога хеликоптерот се урнал на...
![Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите](https://centar.mk/wp-content/uploads/2023/08/soobrakajka_policija_ai_photobank.png)
Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата за производство на салами Ровањати, јавија италијанските медиуми.
Околностите за несреќата засега се нејасни, но познато е дека густата магла ја покрила областа во моментот кога хеликоптерот се урнал на земјиште во сопственост на семејството Ровањати.
Според агенцијата Анса и дневниот весник Ла Стампа, една од трите жртви е 41-годишниот Лоренцо Ровањати, кој ја водел компанијата заедно со неговиот брат Феручи.
Компанијата вработува, според нивната веб-страница, повеќе од илјада луѓе ширум светот и има филијали во Белгија, Франција, Германија и САД./Извор:Makfax