Северна Кореја истрела балистички ракети

Северна Кореја истрела повеќе неидентификувани балистички ракети од нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска, додека САД и Јужна Кореја ги започнаа годишните заеднички воени вежби. Ракетите биле истрелани во морето од западниот брег околу 13 часот и 50 минути по локално време, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на...

Мар 10, 2025 - 16:01
 0  0
Северна Кореја истрела балистички ракети

Северна Кореја истрела повеќе неидентификувани балистички ракети од нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска, додека САД и Јужна Кореја ги започнаа годишните заеднички воени вежби.

Ракетите биле истрелани во морето од западниот брег околу 13 часот и 50 минути по локално време, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска го зголеми надзорот и будноста, велат тие.

Севернокорејските државни медиуми ги критикуваа годишните заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја кои започнаа во понеделникот, велејќи дека тие ќе ја влошат ситуацијата на Корејскиот полуостров.

Заедничките воени вежби наречени „Штитот на слободата“ треба да траат до 20 март и имаат за цел зајакнување на подготвеноста за закани како Северна Кореја, соопшти претходно јужнокорејската војска./Извор:Makfax