Шефот на НАТО: Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина

„Европа е подготвена и има желба да истапи во корист на Украина“, изјави вчера вечер генералниот секретар на НАТО Марк Руте. „Подготвени и со желба. Тоа е мојот заклучок од денешниот состанок во Париз“, напиша Руте на Икс по итниот состанок во француската престолнина. Тој нагласи дека Европа е подготвена...

февруари 18, 2025 - 16:00
 0  2
Шефот на НАТО: Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина

„Европа е подготвена и има желба да истапи во корист на Украина“, изјави вчера вечер генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Подготвени и со желба. Тоа е мојот заклучок од денешниот состанок во Париз“, напиша Руте на Икс по итниот состанок во француската престолнина.

Тој нагласи дека Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина.

„Подготвени да инвестираме многу повеќе во нашата безбедност“, додаде тој.

Во Париз се одржа итен состанок за Украина на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Европските лидери се собраа поради загриженоста предизвикана од директниот ангажман на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија и намерата на неговата администрација да ја исклучи ЕУ од украинските мировни преговори./Извор:Makfax