Шестгодишно дете од Србија повредено на Халкидики: паднало во аква парк, итно е префрлено во болница во Солун
Шестгодишно момче од Србија ја повреди ногата откако падна во воден парк во Јерисос, Халкидики, објавија српските медиуми. На малолетникот му е укажана прва помош и е пренесен со амбулантно возило во болница во Солун. Локалната крајбрежна стража во Јерисос започна истрага за да ги утврди околностите што довеле до...

Шестгодишно момче од Србија ја повреди ногата откако падна во воден парк во Јерисос, Халкидики, објавија српските медиуми.
На малолетникот му е укажана прва помош и е пренесен со амбулантно возило во болница во Солун.
Локалната крајбрежна стража во Јерисос започна истрага за да ги утврди околностите што довеле до несреќата. Сè уште не е познато дали станува збор за човечка грешка или за недостаток на безбедносни мерки во самиот парк./Извор:Makfax
