Штрајк на германските аеродроми, синдикатите бараат за 350 евра поголема плата

Германскиот синдикат на вработените во услужниот сектор Верди повика на еднодневен штрајк в понеделник на сите поголеми германски аеродроми, вклучувајќи ги и клучните воздушни центри како Франкфурт и Минхен. Синдикатот повика на штрајк во аеродромите како Франкфурт, Берлин, Минхен, Келн/Бон, Дизелдорф и Хамбург. Штрајкот треба да започне на полноќ во...

Мар 7, 2025 - 13:00
 0  0
Штрајк на германските аеродроми, синдикатите бараат за 350 евра поголема плата

Германскиот синдикат на вработените во услужниот сектор Верди повика на еднодневен штрајк в понеделник на сите поголеми германски аеродроми, вклучувајќи ги и клучните воздушни центри како Франкфурт и Минхен.

Синдикатот повика на штрајк во аеродромите како Франкфурт, Берлин, Минхен, Келн/Бон, Дизелдорф и Хамбург. Штрајкот треба да започне на полноќ во недела и да трае 24 часа, а има за цел да го зголеми притисокот врз работодавачот во тековните преговори за колективните договори кои се водат од почетокот на годинава.

Поголемиот дел од персоналот на аеродромите се уште е вработен преку колективни договори склучени со градовите и општините, кои дејствуваат како работодавачи во преговорите со синдикатите и делумно се косопственици на аеродромите.

Во последните неколку недели веќе имаше штрајкови на аеродромите, но и други сектори кои спаѓаат во јавните услуги како што се јавниот транспорт, детските градинки или собирањето отпад. „Принудени сме на овој чекор бидејќи работодавачот сè уште нема презентирано прифатлива понуда за вработените во јавните служби“, соопштија од синдикатот Верди.

Најголемиот синдикат во Германија бара зголемување на платите за осум отсто или најмалку 350 евра за вработените во јавните служби. Најголемата германска авиокомпанија Луфтханза и Здружението на германски аеродроми АДВ силно го критикуваа штрајкот./Извор:Makfax